Дали знаевте дека: Опашката на коњите им служи за изразување чувства

Коњот како голем копнен цицач се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на семејството коњ (Equidae) која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо.

Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделството, војните и спортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Дивите коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле.

Неколку факти за коњите:

  1. Коњот има мозок со големина на компир.
  2. Животниот век на коњот е околу 25 години, а Поните живеат над 55 години.
  3. Коњот не може да дише преку устата, а исто така, тие не подригнуваат или повраќаат.
  4. Тие ги разликуваат емоциите во човечкиот глас.
  1. Тој има подобар вид ноќе отколку човекот.
  2. Достигнува брзина над 45 км на час.
  3. Во светот има околу 76 милиони коњи.
  4. Опашката им служи да ги изразат своите чувства.
  5. Монголските диви коњи не можат да бидат припитомени.
  6. Коњскиот скелет има над 200 коски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни