Како изгледа Skyrider „седиштето“?
Станува збор за полу-стојачка позиција, при што патниците се потпираат на тесни, обложени седишта налик велосипедски, поставени под агол од околу 45 степени. Наместо класични појаси, се користат безбедносни ремени слични на падобрански.
Предности:
- Седиштата се двапати полесни од стандардните – што значи помала потрошувачка на гориво.
- Капацитетот на авионите се зголемува за дури 20%.
- Цените на билетите би можеле да паднат и до 1-5 евра.
Но, предизвиците се очигледни:
- Минимален комфор
- Загриженост за безбедноста, особено во итни ситуации.
За сега, Skyrider 2.0 нема официјално одобрение од регулаторните тела, што значи дека сè уште не смее да се користи. Но, доколку добие зелено светло, може засекогаш да го промени начинот на патување со авион.
Што мислите? Дали би летале стоечки за билет од 3 евра?