Дали состојбата во Србија се радикализира? Бројни полициски возила пред Правниот факултет во Белград

„Уапсете го Вучиќ“, викаат граѓаните кои се наоѓаат пред Правниот факултет

На булеварот пред Правниот факултет во моментов се наоѓаат џипови и оклопни возила на полицијата и голем број на полицајци во опрема за разбивање демонстрации.

„Уапсете го Вучиќ“, викаат граѓаните кои се наоѓаат пред Правниот факултет.


Во меѓуврме студентите објавија соопштение во кое се вели: „Студентскиот протест се завршува. Нашите редари ги симнаа елеците. Апелираме до граѓаните да се повлечат безбедно“, се наведува на социјалните мрежи.

Студентите изјавиле за репортерите на агенцијата Бета дека крајот на собирот се прогласува штом дојде до инциденти или повреди, кои не ги предизвикале студентите.

Од агенцијата јавуваат дека на просторот пред Собранието на Србија повеќе нема студенти-редари, но дека пред самата зграда сега шетаат и се собираат разни групи на луѓе. Дел од присутните сè уште стојат на раскрсницата пред Собранието на Србија каде што околу 19 часот се случил инцидент.

Новинарите на N1, јавуваат дека од правец на Пионерскиот парк се фрлијале флаши и камења. По ова, студентите мирно го напуштиле просторот пред Собранието и се упатиле и велат дека не одговараат за ова што се случило.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни