Дали ова е последниот дизел-автомобил „Волво карс“

Шведската компанија „Волво карс“ им стави крај на дизел-автомобилите, откако последниот теренец „Икс-це-90“ излезе од производната лента во фабриката „Торсланд“ во Шведска вчеравечер како последен дизел-модел од овој автопроизводител, пренесува „Блумберг“.

„Сосем сме уверени дека имаме многу добри понуди за купувачите, дури и без дизел-возилата“, изјави Ерик Северинсон, извршен директор на „Волво“ задолжен за нови автомобили и оперативна стратегија.

Ова го означува крајот на дизел-ерата за брендот „Волво“, кој во иднина планира да произведува само електрични возила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни