Двајца колекционери покренаа правна постапка против уметникот затоа што тој „одби“ да ја потврди автентичноста на една од неговите познати слики.
Идентитетот на уметникот долго време е предмет на шпекулации и истрага, но Бенкси може да биде принуден да го открие неговото вистинско име доколку спорот околу отпечатокот Monkey Queen на кој е прикажана покојната кралица Елизабета со скапоцен накит заврши на суд.
Двајца колекционери на уметнички дела поднесоа тужба против Pest Control, компанијата што го застапува уметникот на графити, откако очигледно одбиле да ја потврдат автентичноста на Monkey Queen. По три години обиди да добијат одговор, Ники Кац и Реј Хаус поднесоа тужба против Pest Control за прекршување на договорот.
Тие наведуваат дека на веб-страницата на компанијата пишува дека издаваат сертификат за автентичност за „слики, отпечатоци, скулптури и други креации.
Бенкси, познат по своите графити, се опиша себеси како „квалитетен вандал“ кој го исмева авторитетот преку уметнички дела на јавни места. Неговата делумно исечена слика ,,Love’’ беше продадена за повеќе од 18,5 милиони фунти на аукција во 2021 година, додека неговите потпишани слики се продаваат за сума од пет и шест цифри.
Pest Control е основана од уметникот во 2008 година, бидејќи лажните отпечатоци се продавале на интернет и игра клучна улога на пазарот за неговата работа. Сертификатот за автентикација е од витално значење за да се постигне максимална цена при продажба на неговото дело.
Вистинскиот идентитет на Бенкси е мистерија со децении и за него често се шпекулира во медиумите и јавноста.
Тужителите Кац и Хоус велат дека залудно се обидувале да добијат потврда дали отпечатокот што го купиле за 30.000 фунти во 2020 година од имотот на неодамна починатиот, добро познат колекционер на Бенкси, нема придружна документација за да го потврди тиражот на отпечатокот.
Кац, 65-годишен лондончанец кој поседува каменолом и богата уметничка колекција која вклучува многу дела на Бенкси, вели дека делото ,,Monkey Queen’’ вреди меѓу 55.000 и 70.000 фунти. ,,Тие тврдат дека се официјални претставници на делото на овој уметник. Но, ова трае веќе три години. Сеуште не кажуваат дали делото е автентично или не. Ние шпекулираме цели три години“.
„Дали е автентично или не? Тоа е услугата за која тврдите дека ја давате. Ако не е автентичен, и тоа е во ред, бидејќи тогаш ќе го бараме од колекционерот од кого е купена сликата. Ако е автентично, одлично. „Само дајте ни ја документацијата што ни треба“, вели Кац.
На крајот одлучиле дека единствената опција им е правната постапка.
Кац додава дека е многу разочаран од однесувањето на Бенкси. „Тој оневозможи некој друг да ја потврди автентичноста без неговиот сертификат. Ова драматично влијае на вредноста на неговата работа. Ако имав слика на Леонардо да Винчи, не би морал да барам потврда од „Леонардо Контрола“. Едноставно би го однел кај експертите да ми кажат дали е уметничко дело на Леонардо да Винчи. Во случајот на Бенкси, дури и да имате стручно мислење дека делото е негово, ако нема сертификат од Pest Control, не можете да се потпрете на ниту еден експерт“.
Извор: Legal row could finally force mystery artist Banksy to reveal his real name | Banksy | The Guardian