Дали и твојот текст има „ChatGPT црта“? Генерација Z тврди дека препознава AI за пола секунда

Членови на генерацијата Z тврдат дека без грешка можат да препознаат дали некој користи ChatGPT при пишувањето објави, и тоа благодарение на еден интерпункциски знак.

На мета се нашла долга цртичка (—), која многумина ја користат како стилски елемент за нагласување или додавање на дополнителни мисли. Иако речникот Merriam-Webster објаснува дека цртичката може да се користи како замена за запирка, двојна точка или загради, генерација Z има сосема поинаков став.

„ChatGPT црта“, нова AI форензичка метода?

Според генерацијата Z, токму оваа долга цртичка е оној знак кој открива дека текстот го напишал вештачки асистент. Во една епизода на LuxeGen Podcast, водителките Дејзи Рид и Сапна Рао разговарале за феноменот кој брзо се проширил на социјалните мрежи, а сè започнало од еден коментар под реклама на познатиот бренд PrettyLittleThing, пренесува Index.

„Користењето на GPT цртичката е лудило.“ Овој коментар собра повеќе од 3800 лајкови, а под него се ределе други, некои кои ја поддржале теоријата, а некои ја оспорувале: „Ја нарекувате цртичката ChatGPT цртичка? Лудило.“, „Јас секогаш користам цртички – дали тоа сега значи дека сум AI?“ „Кратка цртичка е за споени зборови, долга е сигнал за AI.“ Совет за учениците: Ако користите AI, избришете ги траговите!

Водителките на подкастот се нашле во ситуација да се нашалат и да дадат саркастичен совет за сите кои користат ChatGPT:

„Ако сте во училиште и користите AI за есеи, избришете ги цртичките, за да не ве откријат.“

Тие додаваат дека не се против користењето на вештачка интелигенција, се додека текстот прво го напишете сами, потоа оставите ChatGPT да го среди, а на крај прилагодете го повторно според себе.

Нивниот рецепт гласи:

„Лице – ChatGPT – лице.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни