Дали e на повидок нов договор на САД и Велика Британија за царините?

Трамп тогаш воведе 10% царини за поголемиот дел од земјите, вклучително и Обединетото Кралство, заедно со повисоки „реципрочни“ царини за многу трговски партнери. Сепак, тие реципрочни царини подоцна беа суспендирани за 90 дена.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дали Соединетите Американски Држави ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавиле извори запознаени со плановите за New York Times.

Веднаш по објавата на оваа вест, вредноста на британската фунта порасна за 0,4% во однос на американскиот долар, пренесува Sky News.

Трамп претходно најави дека денес од Овалната соба ќе објави голем трговски договор, без да наведе со која земја е постигнат.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social вчера напиша дека прес-конференцијата на која ќе биде најавен договорот ќе се одржи со „претставници на голема и многу угледна земја“.

Не откри повеќе детали, но изјави дека ова соопштение ќе биде „првото од многу“. Портпаролот на Белата куќа одби да го коментира извештајот на New York Times.

Високи функционери на Трамп изминатите недели одржале серија состаноци со трговски партнери, откако американскиот претседател на 2 април го најави „Денот на ослободување“ и воведе царини и за геополитичките ривали и за сојузниците на САД.

Трамп тогаш воведе 10% царини за поголемиот дел од земјите, вклучително и Обединетото Кралство, заедно со повисоки „реципрочни“ царини за многу трговски партнери. Сепак, тие реципрочни царини подоцна беа суспендирани за 90 дена.

Британија не беше меѓу земјите за кои важат повисоките реципрочни царини, бидејќи увезува повеќе од САД отколку што извезува таму. И покрај тоа, Обединетото Кралство и понатаму е погодено со 25% царина на сите возила, како и на целиот челик и алуминиум што го извезува во САД.

Британски функционер изјави во вторникот дека двете земји постигнале добар напредок во склучувањето на трговски договор, кој веројатно ќе вклучува пониски царински квоти за челик и автомобили. Истата ден Трамп изјави дека тој и највисоките функционери од администрацијата во следните две недели ќе разгледаат потенцијални трговски договори со други земји и ќе одлучат кои ќе ги прифатат.

Минатата недела изјави дека има „потенцијални“ трговски договори со Индија, Јужна Кореја и Јапонија.

Сето тоа се случува додека САД и Кина се во сè поголема трговска војна откако Трамп ја презеде функцијата во јануари. Администрацијата на Трамп ги зголеми царините на кинеската стока на 145%, додека Пекинг последните недели возврати со царини од 125%.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент и американскиот трговски претставник Џејмсон Грир треба оваа недела да се сретнат со своите кинески колеги во Швајцарија за да разговараат за трговската војна.

Кина постави намалување на царините како услов за почеток на трговски преговори, а овие состаноци треба да помогнат во воспоставување на тие преговори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни