Веќе децении кружи теоријата дека Роберт дел Наја, познат како 3D – фронтменот на Massive Attack – е токму Бенкси, најзагадочниот уметник на денешницата. И двајцата се од Бристол, двајцата се активни од доцните осумдесетти, и двајцата зад себе оставаат траг на уметност што се претвора во политички коментар и урбана провокација.

Дел Наја, пред да стане музичка икона, бил графити уметник, и многу од неговите рани дела биле потпишани со „3D“. Се појавува и во документарецот „Exit Through the Gift Shop“, кој наводно е снимен од самиот Бенкси. А таму ништо не е случајно.
Но она што е уште поинтересно: каде и да настапуваат Massive Attack – истата вечер, во истиот град се појавуваат нови дела на Бенкси. Њујорк, Торонто, Лондон, Глазгов… случајност?
Бендот никогаш не ја негирал целосно поврзаноста со Бенкси. Напротив, на моменти делува како да ја потхрануваат мистеријата – со изјави дека се познаваат, дека му се восхитуваат, дека „ќе му го пренесат поздравот“… а можеби тоа се и самите тие?

Има и други теории – дека Бенкси не е една личност, туку колектив, дека се работи за група артисти кои соработуваат анонимно. Но врската со Massive Attack останува најсилна, најмистериозна– и највозбудлива.
Затоа вечерва, додека ги слушаме „Teardrop“, „Unfinished Sympathy“ и другите химни на урбаната меланхолија, внимавајте околу вас. Некој ѕид, некој билборд, некое скриено ќоше во градот можеби ќе добие ново лице.
Бенкси можеби е тука.
