Дали автомобилите се отпорни на екстремна топлина?

Тексас е погоден од екстремни топлотни бранови, со температури кои надминуваат 35 степени оваа недели, а механичарите на Bosch сега истражуваат како топлото време влијаело на автомобилите.

Покрај вообичаените проблеми како брзо празнење на акомулаторите, кои при високи температури делумно ја губат својата функционалност и издржливост, проблеми се јавуваат и со гумите. Одредени модели на автомобилски гуми се склони кон опуштање и дупнување, бидејќи при екстремно високи температури се намалува притисокот во нив.

Високите температури предизвикуваат нови дефекти

Експертите бележат низа нови дефекти предизвикани од високите температури. Топлото време ги разградува некои соединенија, а најзабележливи проблеми се забележани и кај гумите на бришачите на ветробранските стакла. Праксата покажува дека гумениот дел од бришачите се распаѓа, а голата пластика прави гребнатини на стаклото.

Исто така високите температури имаат негативно влијание и на сопирачките на автомобилите. Течноста која се користи за да работат сопирачките ја апсорбира влагата, а топлината под хаубата предизвикува тој процес да се одвива многу брзо. Кога тоа ќе се случи, сопирачките добиваат сунѓереста структура. Во таква ситуација неизбежна е посета на автомеханичар.

Извор: b92.net

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни