Остров е копно опколено од сите страни со вода од море, езеро или река. Неговото потекло може да биде вулканско, корално, или, пак, островот може да биде продолжување на некој континент или врвови на подводни планини.
Една заедничка карактеристика на сите острови е тоа што климата на нив е во голема мерка условена од близината на морето.
Ви ја споделуваме листата на десетте најголеми острови во светот, од кои за најмалку три веројатно никогаш не сте слушнале.
Бафин, Арктички Архипелаг
Ова е најголемиот остров во Канада со површина од 315.312 квадратни километри. И покрај големината, населен е само со 11.000 жители поради суровите временски услови. Ледените полиња Баренс и Пени се исто така лоцирани на островот. Островот Бафин е неверојатно див, суров и леден терен, а најголем дел од населението го сочинуваат Ескимите.
Мадагаскар, Индиски Океан
Островска држава која зафаќа 434.522 квадратни километри. Овој остров е дом на растенија и животни кои не можат да се најдат на друго место во светот, па затоа го нарекуваат и остров со најголема биолошка разновидност во светот. Најпознат е по теоријата на еволуцијата на Чарлс Дарвин.
Борнео, Тихи Океан
Најголемиот азиски остров кој зафаќа вкупно 462.364 квадратни километри. 73% од островот е под територијата на Индонезија. Островот е дом на најстарата прашума во светот, за која се претпоставува дека е стара над 140 милиони години.
Нова Гвинеја, Тихи Океан
Вториот по големина остров во светот има површина од 487.631 квадратни километри. Островот е населен со 11 милиони жители кои зборуваат над илјада различни јазици. Климата на овој остров е претежно тропска, а просечната температура е околу 22 степени.
Гренланд, Атлантски Океан
Гренланд е најголемиот остров во светот и зафаќа површина од 1.351.847 квадратни километри. Повеќе од една третина од островот е покриена со ледена покривка. Просечната дневна температура се движи меѓу -9 и 7 Целзиусови степени. Гренланд е дом и на најголемиот национален парк во светот.
Извор: punkufer.dnevnik.hr