Онтарио „нема да се повлече“ сè додека американскиот претседател Доналд Трамп не ги укине сите царини за канадските производи, изјави премиерот на оваа канадска покраина Даг Форд.
„Претседателот Трамп започна неиспровоцирана трговска и царинска војна со најблискиот пријател и сојузник на Америка“, напиша Даг Форд на платформата Икс.
„Додека не исчезне заканата од тарифите засекогаш, нема да отстапиме“, додаде тој.
Оваа изјава уследи откако Трамп најави дека од утре царините за канадскиот алуминиум и челик ќе се зголемат двојно, односно на 50 отсто.
Форд додаде и дека царините предизвикуваат хаос на берзите и порача дека е неопходно да се седнена маса и да се преговара за фер трговски договор.
Одлуката е возвратна мерка на потегот на Форд, кој претходно воведе 25 отсто поскапа струја за американските потрошувачи што ја купуваат од Онтарио.