8- годишната Дарија е со атипичен развој и сеуште не говори. Кај неа е дијагностицирана забавена мозочна активност. Нејзините родители, во апелот за помош, објаснуваат дека на оваа проблематика работи центарот ,,Атлантис”, во Белгија. Дарија таму треба да замине во февруари следната година.
За третманите во текот на годината на семејството му се потребни 18 000 евра. Родителите ги замолуваат сите хумани луѓе да донираат, за како што велат, Дарија да добие шанса да зборува, да се социјализира, да се дружи со врсниците и да порасне во самостојна личност.