На територијата на Република Северна Македонија денес се евидентирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои: 3 се сè уште активни, 2 се ставени под контрола и 13 се успешно изгаснати, информираат од ЦУК
Ативни пожари се на 3 локации – Општина Гази Баба – во населбата Трубарево е активен пожар во дел со електро-отпадни материјали, Општина Пробиштип – помеѓу селата Дренок и Добрево гори нискостеблеста вегетација и Општина Битола – помеѓу селата Брусник и Дихово се шири пожар на ниска вегетација.
Под контрола се 2 пожара и тоа во Општина Студеничани – пожарот на депонијата „Дрисла“ е ставен под контрола, моментално се регистрира чадење и во Општина Крушево – на градската депонија има само чадење, пожарот е контролиран.
Изгаснати пожари се пожари на 13 локации
- Струга (с. Калища) – запалено борово дрво
- Струга (с. Долна Белица) – палење на пченица
- Шуто Оризари – запален отпад
- Гази Баба (Вардариште) – отпад
- Велес – во близина на градската депонија, гореше ниска вегетација
- Желино (с. Ларце) – отпад
- Теарце (с. Теарце) – нискостеблеста вегетација
- Врапчиште (с. Добри Дол) – ниска вегетација
- Гостивар (с. Лешница) – отпад
- Штип – во близина на фабриката „Мајер Мајер“, гореше ниска вегетација
- Кочани (с. Мишино) – ниска вегетација
- Чешиново-Облешево (с. Уларци) – ниска вегетација
- Гевгелија (с. Миравци) – ниска вегетација