ЦУК- 18 пожари денес гореа низ Македонија, 5 се уште се активни

Во моментов се евидентирани 18 пожари на отворено низ Северна Македонија, од кои 3 се сè уште активни, 2 под контрола, а 13 успешно изгаснати.

На територијата на Република Северна Македонија денес се евидентирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои: 3 се сè уште активни, 2 се ставени под контрола и 13 се успешно изгаснати, информираат од ЦУК

Ативни пожари се на 3 локации – Општина Гази Баба – во населбата Трубарево е активен пожар во дел со електро-отпадни материјали, Општина Пробиштип – помеѓу селата Дренок и Добрево гори нискостеблеста вегетација и Општина Битола – помеѓу селата Брусник и Дихово се шири пожар на ниска вегетација.

Под контрола се 2 пожара и тоа во Општина Студеничани – пожарот на депонијата „Дрисла“ е ставен под контрола, моментално се регистрира чадење и во Општина Крушево – на градската депонија има само чадење, пожарот е контролиран.

Изгаснати пожари се пожари на 13 локации

  1. Струга (с. Калища) – запалено борово дрво
  2. Струга (с. Долна Белица) – палење на пченица
  3. Шуто Оризари – запален отпад
  4. Гази Баба (Вардариште) – отпад
  5. Велес – во близина на градската депонија, гореше ниска вегетација
  6. Желино (с. Ларце) – отпад
  7. Теарце (с. Теарце) – нискостеблеста вегетација
  8. Врапчиште (с. Добри Дол) – ниска вегетација
  9. Гостивар (с. Лешница) – отпад
  10. Штип – во близина на фабриката „Мајер Мајер“, гореше ниска вегетација
  11. Кочани (с. Мишино) – ниска вегетација
  12. Чешиново-Облешево (с. Уларци) – ниска вегетација
  13. Гевгелија (с. Миравци) – ниска вегетација

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни