На 21 јули во 18.30, во Аудиокултура ќе се одржи книжевно-ликовен настан на кој уметниците Дијана Томиќ, Јана Јакимовска, Петар Петков, Стефан Младеновски и Кристијан Јованоски ќе цртаат во живо инспирирани од шпанската литература. Настанот ќе се одржи во соработка со Амбасадата на Шпанија и Аудиокултура.
На настанот ќе се читаат извaдоци од дела од Антонио Мачадо, Федерико Лорка, Мигуел Делибес, Жауме Кабре и Кармен Доминго.
За резевација потребно е да испратите СМС на 075 414 565 или директна порака на Акантус или Аудиокултура.