Моќен циклон од Јадранското Море донесе обилни врнежи од дожд, предизвикувајќи сериозни поплави на црногорскиот брег и во соседните региони.
Во јужна Далмација и Херцеговина паднале над 100 литри дож. На црногорскиот брег наврнале повеќе од 200 литри дожд, предизвикувајќи поројни поплави.
Најкритична ситуација во Котор
Центарот на градот е целосно под вода, а граѓаните се во вода речиси до половината. Бројни згради се поплавени, а сообраќајот е значително отежнат. Стариот град на Котор е под вода од раното утро.
Поплавени патишта и пристаништа
Ниските делови од брегот, вклучувајќи делови од патиштата во близина на Тиват, се поплавени поради високиот водостој и продолжените врнежи. Плимата речиси целосно го „потопи“ пристаништето за фериботи во Лепетани.
Циклонот се движи кон Карпатите, продолжувајќи го патувањето кон источна Европа и Србија. Метеоролозите најавуваат нови обилни врнежи следната недела, па состојбата останува критична.