Црн чад над Ватикан! Новиот папа сè уште не е избран

Црн чад штотуку се појави над Систинската капела.
A view of the Sistine Chapel ahead of the conclave to elect the next pope at the Vatican, May 6, 2025. Vatican Media/Handout via REUTERS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY

Кардиналите сега се враќаат во Каса Санта Марта, каде што се сместени за време на конклавата. Утре наутро ќе се вратат во Систинската капела и ќе продолжат со гласањето.

За потсетување, на кардиналите не им е дозволен никаков контакт со надворешниот свет додека не биде избран новиот папа.

Црн чад штотуку се појави над Систинската капела. На првото гласање, нов папа не беше избран.

Конклавата продолжува утре наутро, кога ќе се одржат два круга гласање. Ново појавување на чад се очекува околу пладне, освен ако папата не биде избран уште на првото утринско гласање. Во тој случај, бел чад ќе се појави околу 10:30 часот наутро.

Ако папата не биде избран наутро, ќе следат уште два круга гласање попладне. Според „Скај“, постојат четири можни причини зошто сè уште нема чад од Систинската капела:

Обраќањето на кардиналот Канталамеса пред почетокот на гласањето траело подолго од очекуваното

  • Кардиналите влегле во дебата и потрошиле време наместо да гласаат
  • Се случила итна ситуација, на пример здравствен проблем
  • Веќе е избран нов папа

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни