Црн чад над Скопје: Горат кабли на депонија во Маџари

Според информациите, чадот беше видлив од повеќе населби во Скопје, што предизвика загриженост кај жителите.

Густ црн чад попладнево се издигаше над скопската населба Маџари, откако избувна пожар на импровизирана депонија во овој дел од градот.

Според информациите, чадот беше видлив од повеќе населби во Скопје, што предизвика загриженост кај жителите.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека општинските инспектори веднаш излегле на терен по пријавата и дека случајот е пријавен во Противпожарната бригада на Град Скопје.

Пожарникарите интервенираат и работат на гасење на огнот.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот е пријавен во Маџари, кај црквата зад железничката пруга, каде што лице пали кабли, при што се создава густ црн чад.

Надлежните служби работат на расчистување на ситуацијата, додека жителите од околината апелираат за побрза реакција и контрола на ваквите појави кои директно го загадуваат воздухот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни