Црвен аларм

Орканска бура и снег ги активираа метеоалармите во Хрватска

Олујниот ветер и снегот го отежнуваат сообраќајот во Хрватска веќе неколку дена, а голем дел од земјата е под снег

Во делови на Хрватска денес е активиран црвен метеоаларм поради силна бура на приморјето и удари на ветрови со брзина до 185 км/ч, пренесува порталот 24sata.

Црвеното предупредување е активирано во Кварнер, Велебитскиот канал и Централна Далмација, каде се очекува силна бура, со оркански удари на ветер со брзина до 185 км/ч. Хрватскиот Државен хидрометеоролошки завод предупреди и на можна штета на инфраструктурата и опасности за здравјето.

Во исто време, големи количини снег паднаа во Лика, каде се очекуваат температури меѓу нула и четири степени во текот на денот. Олујниот ветер и снегот го отежнуваат сообраќајот во Хрватска веќе неколку дена, при што дел од земјата е под снег, а орканската бура ги активираше метеоалармите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни