Уште од самиот почеток на следната седмица, според најновите прогностички модели, Македонија ќе биде под влијание на нов циклон со центар над Џенова. Овој систем ќе донесе чести и обилни врнежи од дожд, проследени со повремено силен јужен ветер.
И покрај врнежите, ќе преовладува јужно воздушно струење, што ќе резултира со температури над просекот за овој период од годината.
Според моменталните анализи, се очекува големо количество на дожд во текот на следната седмица. Ова може да предизвика проблеми со поплави во некои региони на Балканот, а постојат услови и за локални поројни поплави во Македонија.
