Центар прв новогодишно блесна, украсени десет локации

„Целта ни е да ја разбудиме новогодишната магија и да создадеме убава празнична атмосфера во која ќе уживаат и нашите најмали, децата“, рече Гер

Општина Центар, прва ги објави новогодишните настани за декември. На централна вечер, која општината традиционално ја пави неколку дена пред самата новогодишна ноќ ќе има македонски изведувачи како традиција на која се промовираат домнашни музичари како продолжување на негувањето на домашната музичка сцена.

Ќе има и диџеј, но и весели дружби за најмалите.

„И оваа година продолжуваме со одличниот настан „Џез под ламбa“. Ќе има и многу други изненадувања за центарци, но и за сите оние што ќе бидат наши гости за празниците“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој исто така информираше дека целосно е завршено украсувањето на општината за претстојните празници.

„Центар блесна уште пред неколку дена. На повеќе локации е украсено, почнувајќи од Дебар Маало, улиците Орце Николов, Боемска, Сквер Јадран, двата парка во Капиштец, плочникот кај Агромеханика , вкупно десет локации во општината се накитени. Целта ни е да ја разбудиме новогодишната магија и да создадеме убава празнична атмосфера во која ќе уживаат и нашите најмали, децата“, рече градоначалникот во гостување на утринската програма на МРТВ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни