Просечната цена на бензинот во САД ја надмина границата од четири долари по галон за првпат по речиси четири години, како директна последица од конфликтот со Иран, јавува BBC.
Според податоците на AAA, националниот просек за обичен бензин достигна 4,02 долари по галон – за повеќе од еден долар повисоко од почетокот на војната. Цената на дизелот исто така значително порасна и сега изнесува околу 5,45 долари по галон.
Блокадата на Ормус како главен фактор
Клучна причина за растот на цените е фактичкото затворање на Ормуски теснец – еден од најважните светски енергетски коридори.
Поради блокадата производството и транспортот на енергенси се забавени или прекинати, цената на суровата нафта нагло порасна, a глобалните пазари се соочуваат со нестабилност.
Пред почетокот на конфликтот на 28 февруари, бензинот во САД чинел околу 2,98 долари по галон, додека дизелот бил околу 3,76 долари.
Последици за економијата
Зголемените цени на горивата веќе имаат пошироки ефекти поскапување на транспортот и тоа очекуван раст на цените на храната и притисок врз домашните буџети.
Аналитичарите на Moody’s предупредуваат дека долготрајна криза може дополнително да ја намали потрошувачката и довербата на потрошувачите.
Глобален ефект
Енергетската криза не ја погодува само Америка во Обединето Кралство бензинот поскапе за 14%, а дизелот за 27%, земји како Шри Ланка и Бангладеш воведоа рационализација на гориво. Словенија стана прва членка на ЕУ што презеде такви мерки,а во Австралија се намалуваат даноците на гориво и се воведува бесплатен јавен превоз.
Иако цените сè уште се под рекордите од 2022 година, трендот покажува дека продолжување на кризата може да донесе уште посериозни економски последици на глобално ниво.