Мери Темара заработила вистинско богатство создавајќи пикантни видео содржини за OnlyFans. Со нејзината заработка на оваа социјална мрежа, таа успеала да купи имот за целото семејство.
Но тоа што е интересно за нејзиното семејство освен што сите се високи над два метра, е што сите се на OnlyFans.
„Целото мое семејство е на OnlyFans. Ние сме највисокото семејство на тој сајт. Мојата мајка, татко, браќата, сите се таму. Сите живееме на заедничкиот имот и креираме за ТикТок заедно“ вели Темара.
Таа влегла во индустријата за возрасни во 2021 година и брзо почнала да се ослонува на неа како свој главен извор на приходи. Креаторката на содржини од Флорида тврди дека може да се заработуваат над 650 илјади долари секој месец, што им овозоможило на нивните ордители да се пензионираат, а таа исто така обезбедила и огромен имот за живот со своите најблиски.
Темара вели дека нејзините приходи се вложуваат во недвижности, со кои потоа управува нејзиното семјество. Говорејќи за необичната семејна динамика, Темара вели дека тие отсекогаш биле поразлично семејство, кое оди по свој пат за разлика од останатите.
„Моето семејство ужива во тоа и ми се придружија, а сега имаме семеен бизнис, иако сите не нарекуваат чудаци“ вели Темара.
Нејзиниот ТикТок е наменет за споделување на содржини поврзани со нивната висина, каде што споделува видеа од целото семејство.
Сепак, иако таа наведува дека целото нејзино семејство е високо над два метра, по се изгледа си додава по некој центиметар, бидејќи на видео поставено во 2022 година, таа се претставува дека има 1.87 метри.
Извор: Б92