Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, потврди дека Израел извршил напади врз нуклеарни цели во Иран и најави дека операцијата ќе трае уште многу денови.
„Пред неколку моменти, Израел започна операција ‘Rising Lion’ – насочена воена операција со цел да се ублажи иранската закана за самото постоење на Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.
Тој додаде:
„Оваа операција ќе продолжи онолку долго колку што е потребно за да се отстрани оваа закана. Децении наназад, тиранијата од Техеран отворено и без срам повикуваше на уништување на Израел.“
Нетанјаху повтори дека Иран има активен нуклеарен програм за развој на оружје, предупредувајќи:
„Ако не бидат спречени, Иранците би можеле да произведат нуклеарно оружје.“
Што беше цел на нападите?
Премиерот ги наведе главните цели на израелската офанзива: Главниот ирански погон за збогатување ураниум во Натанц. Ирански нуклеарни научници кои работат на нуклеарната бомба и централни елементи на иранскиот програм за балистички ракети.
„Ударивме директно во главата на иранската нуклеарна програма за вооружување“, рече тој.
„Бранејќи се себе си, ги браниме и другите. Ги браниме и нашите арапски соседи. И тие страдаа од иранската кампања на хаос и покољ“, заврши Нетанјаху.