Фронтменот на Партибрејкерс, Зоран Костиќ Цане, беше гостин во емисијата „Да сум јас некој“ и даде силна поддршка на студентските блокади.
„Студентските протести, тоа е младост, храброст, правда и ништо друго“, изјави Цане, нагласувајќи дека секогаш треба да се биде на страната на младите кои не се плашат да се борат за своите права.
„Со времето стануваш корумпиран, се бориш против некакви ѕидови, но ми е драго што постојат млади кои не калкулираат. Тие бараат име и презиме, кој направи глупости во наше име“, додаде тој.
Цане истакна дека долго време сите работи биле скриени, а гревот бил префрлен на следните генерации. Но, сега, младите решаваат да ја променат оваа ситуација.
„Доаѓаат млади луѓе од 19 години кои не се деца и не им дозволуваат да бидат манипулирани. Тие знаат што сакаат и не сакаат да бидат дел од нашата неодговорност и кукавичлук. Ние не живееме, ние само преживуваме и се лажеме себеси, додека тие бараат одговори и вистина, не сакаат лажни објаснувања“, заврши Цане.