Владата на Црна Гора ја заострува својата политика кон странските државјани по серијата инциденти во главниот град Подгорица. Државјаните на Турција од 30 октомври се повторно под систем на визи, како резултат на неколку дена на масовни напади, говор на омраза и антимигрантска атмосфера.
Инцидентите почнале по тепачка меѓу црногорски и странски државјани, при што еден граѓанин беше ранет, а полицијата привела тројца Азербејџанци и еден Турчин. На улиците масовно се скандираше „Убиј Турчина“ и „Турци нe спаѓаат овде“, што го покренало прашањето за безбедноста и односот кон странците.
Власта веќе воведе нови мерки за странци оваа година, а пораката е јасна: секое нарушување на јавниот ред и мир ќе ја доведе во прашање нивната законска положба и дозволите за престој.
Во исто време, на странските инвеститори — особено оние од Турција — им се наметнуваат нови услови: забрана за отворање фирми ако не се вработуваат државјани на Црна Гора, строги контролни процедури за дозволи за престој и работа.
 
				 
				 
								 
								 
								 
								