Creative Gate пристигна во Приштина: Нова регионална платформа за култура и креативност

Creative Gate сега е достапна за сите културни професионалци во регионот и претставува значајна платформа за  поврзување, соработка и долгорочен развој на културните и креативните индустрии во Западен Балкан

Новата регионална платформа Creative Gate – посветена на поддршката и развојот на културните и креативните индустрии во Западен Балкан – вчера беше официјално претставена во Приштина.

На прес-конференцијата се обратија неколку значајни имиња од културната сцена, меѓу кои Мајлинда Мазелиу, директорка на British Council за Албанија и Косово; Катерина Цветковска, ПР менаџерка на фестивалот Таксират и Password Production; Фјолла Чунаку, претставничка на Prishtina Music Festival и Rave Festival; како и Милош Ѓуроски од Represent Communications Skopje.

Во своето воведно обраќање, Катерина Цветковска истакна дека Creative Gate претставува заеднички ангажман на фондацијата EXIT и фесивалот Таксират во насока на унапредување на креативната сцена во регионот.

 Оваа иницијатива, поддржана од British Council, е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), а истата е  финансирана од Европската Унија.
„Цврсто веруваме дека соработката е клучот за иновации , а токму со Creative Gate се надеваме дека ќе создадеме простор во кој уметниците, културните организации и креативните професионалци ќе напредуваат заедно. Creative Gate нè поканува сите да ја препознаеме моќта што ја имаме кога дејствуваме заедно – како еден жив културен центар со неограничен потенцијал“, истакна таа.

Визијата за Creative Gate  ја надополни Мајлинда Мазелиу, додавајќи:
„Преку уметноста, културата и иновациите, Creative Gate има потенцијал да биде мост што ги поврзува заедниците во Западен Балкан, отворајќи нови можности за креативните индустрии и создавајќи амбиент во кој културата не само што се слави, туку се користи и како алатка за зајакнување на социјалната кохезија и економската одржливост. Стремиме да станеме инкубатор за нови идеи и иновации, каде креативната економија ќе прерасне во двигател на развојот – бидејќи овој сектор се смета за една од најголемите можности за напредок.“

Како глас на локалната културна сцена, свое обраќање имаше и Фјолла Чунаку, претставничка на два од најзначајните музички фестивали во Косово – Prishtina Music Festival и Rave Festival .

Таа го потенцираше зголемениот број нови културни организации, колективи и иницијативи што се појавуваат во Косово и ја истакна важноста од регионално поврзување: „Платформа како Creative Gate е навистина потребна за зајакнување на тие врски.“

Прес-конференцијата заврши со техничка презентација на платформата од нејзиниот креатор и дизајнер – Милош Ѓуроски од Represent Communications Скопје, кој ги претстави клучните функционалности на платформата и нејзиниот потенцијал за регионалните културни актери.

Creative Gate сега е достапна за сите културни професионалци во регионот и претставува значајна платформа за  поврзување, соработка и долгорочен развој на културните и креативните индустрии во Западен Балкан.

За повеќе информации посетете ја  https://creative-gate.org

.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни