CNN: Луѓето што го познаваат убиецот на Чарли Кирк велат дека бил тивок и срамежлив

Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на Чарли Кирк, беше опишан како тивок и срамежлив млад човек. Детали од неговото минато, политички ставови и моментот кога го препознал сопствениот татко, откриваат шокантна позадина на трагедијата.

Луѓето што го познаваат Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот патриот Чарли Кирк, велат дека бил тивок и срамежлив, пренесува Си-Ен-Ен (CNN).

Дваесет и двегодишниот Робинсон пораснал во едно предградие во американската сојузна држава Јута и имал добри оценки на училиште, пренесуваат американските медиуми.

Потенцијален политички мотив

Додека полицијата сè уште ја истражува убиството, властите укажале на нешто што го опишале како антифашистички пораки изгравирани на чаурите од куршумите во пушката пронајдена во близина на местото на смртоносната пукање, како потенцијален доказ за политички мотив.

„На еден од куршумите пишувало: ‘Еј, фашисте, фати го ова.’ Член од семејството на Робинсон им рекол на истражителите дека Тајлер во последните години станал политички поактивен и дека неодамна на семејна вечера посебно го критикувал Кирк“, изјавил гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.

Тивок, срамежлив и „не баш фан на Трамп“

Луѓето што го познавале Робинсон имале различни спомени за неговите политички ставови.

Еден електричар што работел со Робинсон пред само неколку недели — и кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на случајот — го опишал како срамежлива личност што не зборувала многу, освен ако некој не ѝ се обрати.

„Робинсон не зборуваше за политика, освен ако некој друг не ја започнеше темата. Не беше баш наклонет кон Трамп или Чарли Кирк“, рекол електричарот.

Другари од училиште: Тивок и „малку чуден“, но никогаш насилен

Еден поранешен училишен другар рекол дека Робинсон бил „тивок цело време“ и „малку чуден“, но не се сеќава на какви било вознемирувачки изјави или дека влегувал во проблеми.

„Беше забавно да се биде со него и да се разговара. Само беше срамежлив и ретко се отвораше“, рекол тој.

Позадина и семејство

Тајлер Робинсон е најстар од тројца браќа. Неговиот татко води фирма за кујнски плочи и ормани, а неговата мајка е социјален работник.

Семејството Робинсон е припадник на мормонската вера и активно учествува во црковната заедница, пренесе Би-Би-Си (BBC).

„Тие се многу грижливи родители што ги сакаат своите синови и се вклучени во животот на заедницата“, изјавил еден сосед за Си-Би-Ес (CBS) Њуз.

Како се предал?

Според CNN, пред апсењето, додека полицијата објавувала слики од осомничениот напаѓач, таткото на Робинсон станал убеден дека на сликата е неговиот син и се соочил со него.

„Тајлере, дали си тоа ти? Ова личи на тебе“, го прашал својот син, според изјава на претставник на законот запознаен со истрагата.

Тајлер признал дека тоа е тој, рекол изворот, а кога таткото го наговорил да се предаде, тој одговорил дека би сакал повеќе да изврши самоубиство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни