Повеќе ирански функционери денеска го исмеваа американскиот претседател Donald Trump по неговото предупредување дека Иран може да биде бомбардиран и „вратен назад во камено доба“, јавува CNN.
Поранешниот ирански министер за надворешни работи Mohammad Javad Zarif остро реагираше, нарекувајќи ги западните лидери „арогантни незнајковци“ и алудирајќи дека иранската цивилизација има илјадници години историја.
Во објава на платформата X, Зариф напиша дека Иран бил „во срцето на цивилизацијата“ додека, како што наведе, предците на Европејците сè уште биле во камено доба. Иранската амбасада во Јужна Африка исто така реагираше, наведувајќи дека Иран развивал цивилизација и човекови права уште додека други народи живееле во пештери, повикувајќи се на историскиот „Киров цилиндар“.
Иранската мисија при Обединетите нации изјави дека иранската цивилизација трае повеќе од 7.000 години, додека американската историја е стара околу 250 години.
Трамп претходно изјави дека ќе го бомбардира Иран доколку продолжат нападите во регионот и предупреди дека „ќе следи уште многу“.
Дел од аналитичарите и организации за човекови права оценија дека ваквата реторика е „расистичка“ и „дехуманизирачка“, што дополнително ги зголемува тензиите меѓу двете земји.