Чувството на глад може да влијае на имунолошкиот систем

Ново истражување од Универзитетот во Манчестер, спроведено од Џузепе Д’Агостино и Џао Пауло Албукерки, открило дека чувството на глад може да има значителен ефект на бројот на имунии клетки во крвта.

Оваа студија, извршена на глувци, покажува дека мозокот, преку интерпретацијата на гладувањето, може да ги менува имунолошките функции, иако животните не биле во режим на гладување. Овие резултати предлагаат дека самиот мозок може да влијае на нашето имунолошко здравје, што открива нови аспекти на поврзаноста помеѓу исхраната и имунитетот.

Истражувањето, објавено во Science Immunology, предизвикува сомнежи за долгорочната претпоставка дека имунитетот се обликува само преку физички промени во исхраната, како што се промените во шеќерот во крвта или нивоата на хранливи материи. Наместо тоа, истражувачите тврдат дека перцепцијата на гладувањето, односно она што мозокот го „смета“ за гладување, може да го реорганизира имунолошкиот систем.

Научниците се фокусирале на две специфични групи на неврони во мозокот (AgRP и POMC неврони) кои се одговорни за чувството на глад и ситост. Во експериментите, кога тие неврони биле активирани иако глувците веќе биле нахранети, тоа довело до интензивна желба за храна, а интересен ефект бил и значителен пад на бројот на одредени имуни клетки во крвта, наречени моноцити, кои играат важна улога во првата линија на одбрана на имунитетот.

Самата перцепција на мозокот – дали сме гладни или не, има силно влијание на имунитетот. Дополнително, истражувањата покажале дека мозокот комуницира со црниот дроб, кој е одговорен за откривање на енергетскиот статус на телото, а црниот дроб пак има директна врска со коскената срж, која ги создава имуните клетки. Овој комплексен систем на комуникација помеѓу мозокот, органите и имунолошкиот систем може да има значајно влијание на нашето здравје, особено во контекст на болести поврзани со воспаленија и метаболички нарушувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни