Четири музичари од групата ДНК ги загубија животите во пожарот во Кочани

Јавноста и естрадните уметници попладнево се простуваат од музичарите на социјалните мрежи, со споделување видеа од хитот на дуото, „Ако утре ме нема“.

Андреј Ѓоргиески, вокалистот од дуото ДНК, кој ајвноста го знае и по неговата хуманитарна работа, го загуби живото во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Почина и професорката Сара Пројковска, која беше придружен вокал на дуото и која јавноста ја знае по многу нејзини настапи како продружен вокал. Животот го загуби и музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој беше нивен придружен член. Тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица не го преживеа пожарот, а со својот фотоапарат замина и Александар Ефремов.

Јавноста и естрадните уметници попладнево се простуваат од музичарите на социјалните мрежи, со споделување видеа од хитот на дуото, „Ако утре ме нема“.


Во пожарот во дискотеката во Кочани, животот го загубија вкупно 59 лица, а повеќе од 120 се повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни