Најновиот IKEA Извештај за животот во домот се занимава токму со ова прашање и покажува дека – дури и во несигурни времиња – малите и едноставни промени можат да внесат повеќе радост во секојдневието.
Веќе единаесет години по ред, IKEA спроведува сеопфатно истражување за тоа како луѓето живеат и што навистина ги прави среќни во својот дом. Минатогодишниот извештај идентификуваше осум клучни потреби за поквалитетен живот дома – од желбата за контрола над сопствениот простор, преку чувството на сигурност и удобност, до меѓусебна грижа, припадност, личен успех и мали секојдневни моменти што исполнуваат.
Овогодишните резултати, базирани на разговори со повеќе од 38.000 луѓе од 39 земји, откриваат дека многумина сè уште секојдневно го бараат одговорот на прашањето: како да внесат повеќе радост во својот дом. Одговорот се крие во малите нешта – во моментите посветени на себе, пријатната атмосфера и времето за игра и опуштање.
„За две третини од луѓето низ светот, домот е извор на задоволство“, вели Белен Фрау, директорка за глобални комуникации и позиционирање во IKEA Retail (Ingka Group), и додава:
„Сепак, една третина од испитаниците вели дека тоа чувство не го доживуваат толку често колку што би сакале. Среќата се крие во можноста да бидеме тоа што сме, во удобноста на сопствениот простор и во секојдневната игра и радост. Тие, наизглед мали моменти, можат да направат голема разлика во тоа како се чувствуваме во домот.“
Рецептот за среќа во домот: четири клучни состојки
1. Здравјето, благосостојбата и секојдневните навики силно влијаат врз чувството на задоволство
- Секој втор граѓанин во Србија вели дека уреден дом му помага да се чувствува подобро – уште еден доказ дека малите детали прават голема разлика во секојдневниот живот.
- Најважен фактор за психичко и физичко здравје е сонот – дури 60% велат дека спиењето позитивно влијае врз нивната ментална состојба, а 56% го истакнуваат и неговото влијание врз телото.
- Иако само 23% од испитаниците сметаат дека живеат одржливо, повеќе од половината велат дека најмногу уживаат токму во својот дом.
2. Хобијата, креативноста и времето за игра го зголемуваат секојдневното задоволство, но ретко се приоритет
- Домовите што поттикнуваат игра и креативност создаваат чувство на сигурност и подобро ментално здравје. Сепак, само 13% од луѓето во Србија чувствуваат дека нивниот дом ги охрабрува да бидат разиграни и креативни.
- Културните ставови и бројот на луѓе во домаќинството исто така влијаат на времето посветено на забава. Интересно е што 21% од генерацијата Z чувствуваат дека имаат слобода за креативност дома.
3. Уредување по сопствен вкус гради чувство на идентитет и исполнетост
- За 21% од испитаниците, уредувањето на домот е начин за изразување и создавање простор во кој ќе уживаат – особено меѓу сопствениците на недвижнини.
- Најголем извор на задоволство за половина од испитаниците е чувството на мир и опуштеност во сопствениот простор.
4. Времето поминато со најблиските го прави домот повреден
- Луѓето најмногу уживаат во прегратки од блиските (45%), како и во времето поминато сами (44%).
- Смеењето со блиските (39%) е уште еден клучен елемент што го подобрува квалитетот на животот дома.
- Храната игра важна улога во поврзувањето – за некои кујната е место за експериментирање, а 32% најмногу уживаат во подготовка на традиционални јадења.
„Искрените односи, квалитетното време со најблиските и домот што ја одразува нашата личност се клучот за вистинско задоволство,“ заклучува Белен Фрау.
„Во време на неизвесност, домот мора да биде сигурно прибежиште. Во IKEA веруваме дека радоста треба да биде достапна за сите – токму затоа постоиме.“