Четири активни пожари ширум земјата, ЦУК предупредува на зголемен ризик

Високите температури и сувиот терен го зголемуваат ризикот од нови пожари, па секоја брза реакција е клучна за заштита на шумите и населението

До 13 часот денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрираше вкупно осум пожари на отворен простор, од кои половината сè уште се активни.

Прилепско село Бешиште – приземен оган во квалитетна мешана шума.

Село Црешнево (Церо Поле), Македонски Брод – гори деградирана дабова шума и густо грмушки.

Општина Чашка, под Солунска Глава – чадлив жаришен појас меѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка; моментно без видливи пламени, но со жар на карпест терен.

JОпштина Велес – пожар во ниска вегетација.

Екипите на Противпожарната служба и локалните волонтери се на терен и работат на локализација и спречување на ширење, особено во планинските региони каде пристапот е тежок.

Во меѓувреме се изгаснати четири пожари:

Село Врањовци, Врапчиште – зафатена ниска вегетација и ѓубриште.

Село Лојане, Липково – гореа ниска вегетација и стрништа.

Село Радање, Карбинци – опожарени жито и периферна ниска вегетација.

Село Орланци, Арачиново – изгаснат оган во ниска вегетација и отпаден материјал.

ЦУК апелира граѓаните да се воздржат од палење стрништа и отпад, а при забележан оган веднаш да пријават на бројот 193 или во најблиската противпожарна единица.

Високите температури и сувиот терен го зголемуваат ризикот од нови пожари, па секоја брза реакција е клучна за заштита на шумите и населението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни