Четири активни пожари низ Македонија

ЦУК информира за состојбата со пожарите низ државата

На ден 24.09.2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола и изгасен еден пожар, инфоримираат од Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод: над с.Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат); Општина Чучер Сандево: с.Малино и с.Танушевци (мешана шума); Општина Липково: с.Гошинце (шума); Општина Долнени: с.Ропотово (ниска вегетација).

Под контрола се пожарите во Општина Гевгелија: Кожуф планина (букова шума); Општина Гази Баба: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума); Општина Студеничани: с.Батинци (ниска вегетација и мешана шума); Општина Делчево: Градска депонија Острец (ѓубре).

Од ЦУК информираат дека изгаснат е пожарот во населбата Циглана каде горело ѓубре.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни