Челзи и ПСЖ вечерва играат за трофејот на Светското клупско првенство

Вечерва од 21.00 часот на стадионот во Њу Џерси во финалето ќе се сретнат Пари Сен Жермен и Челзи.
SEATTLE, WASHINGTON - JUNE 01: FIFA World Cup Trophy is displayed at Lumen Field on June 01, 2025 in Seattle, Washington. (Photo by Soobum Im - FIFA/FIFA via Getty Images)

По речиси еден месец и многу натпревари, рекордни 32 учесници, вечерва конечно ќе го дознаеме името на новиот клупски шампион на светот, бидејќи победникот на претходното Светско првенство – Манчестер Сити, одамна испадна и се подготвува за новата сезона.

Вечерва од 21.00 часот по средноевропско време на стадионот во Њу Џерси во финалето ќе се сретнат победникот на последната Лига на шампиони – Пари Сен Жермен и победникот на последната Конференциска лига – Челзи.

Двете екипи имаа речиси идентичен пат до финалето – по две победи и еден пораз во групната фаза, а потоа по три победи во елиминациските натпревари. Формата на тимовите е импресивна. Челзи забележа 13 победи на последните 15 натпревари, додека ПСЖ е во серија од 10 победи на последните 11 средби.

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, вели дека ова е само уште еден доказ за прогресот на тимот.

„Имавме неверојатна сезона, завршивме меѓу најдобрите четири во Премиер лигата, ја освоивме Конференциската лига и сега сме во финале на светски турнир. Среќни сме, но сакаме уште“, истакна Мареска.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, е подеднакво амбициозен во пресрет на финалето.

„Ова е посебна сезона за нас. Имаме силен ривал во Челзи, но ние сме фокусирани и сакаме да испишеме историја за клубот. Подготвени сме“, рече Енрике.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни