Челзи ќе плати 50 милиони евра за тинејџер од Спортинг

Премиерлигашот Челзи ќе биде новиот клуб на фудбалерот од средниот ред на лисабонски Спортинг, Џовани Куенда, јавија денеска британските медиуми.

Според „The Athletic“, трансферот ќе изнесува околу 50 милиони евра.


Куенда ќе се приклучи на тимот од Лондон во 2026 година и ќе потпише седумгодишен договор, а во следната сезона 2025/26 ќе остане во Спортинг.

Португалскиот тинејџер оваа сезона досега одигра 43 натпревари, на кои постигна два гола и додаде осум асистенции.

Пазарната вредност на Куенда се проценува на 30 милиони евра. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни