„Сè повеќе сме сведоци на екстремни климатски промени, а според најновиот извештај за состојбата на планетата, популацијата на дивиот свет се намалила за шокантни 73 проценти во последните 50 години“, предупреди WWF.
Се повикуваат граѓаните утре во 20 часот и 30 минути да ги исклучат светилките во домовите на еден час и како што велат „да ги запалат светилките во главата“.
„Ве повикуваме да ги исклучите светлата, да и посветите 60 минути на природата и да размислите што можете подобро да направите, пред да биде предоцна“, велат од WWF.
WWF вели дека „Часот на планетата Земја“ ги обединува сите континенти во светот, повеќе од 190 земји и стотици милиони луѓе со една цел – да посветиме еден час годишно на сето она што ни го обезбедува нашата планета и нејзините природни екосистеми.