Поранешниот фудбалер Чаби Алонсо е новиот тренер на Реал Мадрид, објави кралскиот клуб.
Алонсо со Реал потпишал тригодишен договор и доаѓа на местото на Карло Анчелоти кои долги години го водеше стручниот штаб.
Чаби Алонсо се прослави како тренер на екипата на Баер Леверкузен, со која ја овои шампионската титула во Германија во сезоната 2023/2024, а ги освои и германскиот Куп и Суперкуп.
Алонсо ќе го преземе тимот на 1 јуни, а своето деби на клупата на Реал ќе го има против Ал-Хилал на стартот од клупското светско првенство на 18 јуни.