Чад над амбасадата на САД во Кувајт предизвика безбедносно предупредување и страв

Густ чад се издигна над амбасадата на САД во Кувајт, по што беше издадено безбедносно предупредување за можни ракетни и дрон-напади.
Screenshot

Сведоци утринава пријавија густ чад над американската амбасада во Кувајт, по што објектот издаде предупредување за можни ракетни и напади со дронови.

Густ чад се издигал над амбасадата на САД во Кувајт, а во околината биле распоредени голем број безбедносни сили, возила на итната помош и противпожарни екипи, јавуваат очевидци. Видео-снимка до која дошол Ројтерс покажува црн чад над дипломатската мисија, додека на социјалните мрежи кружат снимки од местото на настанот.

Причината за појавата на чадот засега не е официјално потврдена.

Амбасадата на САД издаде безбедносно предупредување во кое наведува дека постои постојана закана од ракети и беспилотни летала над Кувајт и ги повика граѓаните да не доаѓаат во објектот. На американските државјани им е препорачано да останат во своите домови и да бидат претпазливи поради можни напади.

Според агенцијата за цивилна одбрана КУНА, противвоздушната одбрана пресретнала неколку „непријателски дронови“ кои се приближувале кон земјата од морето. Нема информации за повредени лица, а надлежните соопштија дека безбедносната состојба останува „стабилна“.

Инцидентот се случува во контекст на зголемени тензии во регионот по убиството на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи. Кувајт, како и други земји од Заливот, се соочува со закани и напади, при што меѓу потенцијалните цели се и американски воени објекти.

Во понеделникот од страна на Иран без извршени нови напади врз цели во Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин, како одговор на американско-израелските воздушни удари. Иранската Револуционерна гарда објави дека лансирала ракети кон Тел Авив, Хаифа и источен Ерусалим.

Американската страна потврди дека во операциите против Иран досега загинале тројца американски војници, додека Кувајт соопшти дека неколку американски борбени авиони се урнале на негова територија, но екипажите преживеале.

Властите во Кувајт ја следат состојбата и ја координираат безбедносната реакција со меѓународните партнери, додека регионот останува под зголемен ризик од натамошна ескалација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни