„Буки“ – нова платформа која го преточува усниот говор во пишуван текст на македонски

Алатката е бесплатна и достапна за јавноста за тестирање

Вчера на 9 октомври, во големата сала на Ректоратот на УКИМ се пушти во употреба „Буки“ – нова платформа базирана на вештачка интелигенција за преточување на устен говор во пишуван текст на македонски.

Алатката беше создадена во рамки на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања при УКИМ, а автори на проектот се: Дејан Порјазовски, експерт за технологии на вештачка интелигенција за препознавање говор од Универзитетот „Аалто“ во Финска; проф. д-р Никола Стиков, професор по биомедицински инженеринг на Политехничката школа при Универзитетот во Монтреал; проф. д-р Ордан Чукалиев, проректор за меѓународна соработка на УКИМ и проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ.

,,Овој наш институт, меѓу другото, придонесе и за „хранење“ на вештачката интелигенција. Имено, 40% од материјалите со кои е трениран моделот се аудиоматеријали и рачно правени преписи на интервјуа од Дигиталниот архив на етнолошки и антрополошки ресурси при ИЕА, а 13% се 17 целосни броеви од аудиоверзијата на меѓународното списание „ЕтноАнтропоЗум“, читани од нашиот некогашен студент, Андреј Татарчевски” велат од УКИМ.

Алатката е бесплатна и достапна за јавноста за тестирање тука: https://bit.ly/4ePsQNC

Сите што сакаат да го донираат својот глас за да помогнат за подобрување на моделот, тука можат да најдат инструкции: https://bit.ly/3U1ldLG

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни