Само неколку дена откако „Volkswagen“ објави партнерство со продуцентите од новиот анимиран филм, на улиците во Париз е снимен физички модел.
Токму така, главниот протaгoнист на четири тркала во филмот „Miraculous: Ladybug & Cat Noir“ е електрична верзија на „Volkswagen Beetle“, која го предводи стилизираниот идентитет на електричните „Фолксвагени“. Во соопштението „VW“ својот автомобил го нарекува „концепт на електрична Буба“, но иднината ја остава отворена не кажувајќи дали станува збор исклучиво за концепт за претстојниот анимиран филм или пак за нешто повеќе.
Очигледно станува збор за нешто повеќе, бидејќи ова не е само дигитален модел. Имено, автомобилот во природна големина е виден на манифестација поврзана со промоцијата на франшизата „Miraculous“ во Париз. Автомобилот предизвикал голем интерес, а со бројни фото и видео содржини на социјалните мрежи се погласни се апелите до „Volkswagen“ да започне производство на ваков автомобил.
За потсетување, оригиналната „Буба“ е претставена во 1938-ма година, а новите модели во 1997-ма и 2011-та година. Моделот престана да се произведува во 2019-та година, а од тогаш се погласни се гласините за враќање на автомобилот, и тоа во електрично издание. Меѓу другото, „Volkswagen“ го заштити името „e-Beetle“.
Извор: index.hr