Загрижувачки

Брзото менување на видеата на социјалните мрежи ја уништува концентрацијата

Видеата од 30 секунди на социјалните мрежи, успеваат да го задржат вниманието на децата повеќе од седум часа на ден

Клиповите, „риловите“ и „шортсовите“ на TikTok станаа глобален тренд што им нуди на децата и тинејџерите стимулација без да бара продолжено внимание и интеракција. Тие се менуваат на екранот во миг, а часовите летаат на социјалните медиуми. Колку е опасен овој тренд на долг рок и какви последици може да има врз концентрацијата?

Видеата од 30 секунди што прикажуваат нечиј виртуелен живот, рекламирање производи, обуки… успеваат да го задржат вниманието на децата повеќе од седум часа на ден. Бесконечното скролање без интеракција, според истражувањата, создава чувство на изолација, празнина, депресија и анксиозност, пишува РТС .

„И децата и возрасните имаат тешкотии да се задржат на подолга содржина, а тоа може да претставува проблем за во иднина. Треба да работиме на таква содржина и на рамнотежата помеѓу кратката и долгата содржина. Затоа традиционалното образование е многу важно, важни се постојаните разговори и, секако, постарите генерации треба да научат многу за дигиталната писменост“, вели Јелена Радовиќ, социолог.

Постојаната дигитална стимулација влијае и на развојот на одредени функции, особено во периодот од 10 до 19 години, кога се формира идентитетот и чувството за самопочит.

„Важно е да ги научиме сами да ја избираат содржината, бидејќи алгоритмите на овие социјални мрежи се такви што ние повеќе не сме активни креатори на Инстаграм, на ТикТок, туку пасивни потрошувачи. Не знаеме што ќе видиме следно, тоа може да биде само уште една допаминска бомба што повторно може да влијае на нивниот поглед на светот, на нивната перцепција за себе и да влијае врз нив да се споредуваат со другите, според некои нереални стандарди“, објаснува Јелена Новковиќ, психотерапевт.

Иако Инстаграм и ТикТок тврдат дека ги штитат помладите корисници, алгоритмите на овие мрежи, уште во првите минути од користењето, промовираат содржина што вклучува нарушувања во исхраната, самоповредување, па дури и насилни или екстремистички пораки. Поради ова, еден од пет адолесценти страда од сериозни психијатриски проблеми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни