Галаксијата е именувана по португалскиот истражувач Фердинанд Магелан, кој ја забележал пред пет века. Новото истражување засновано на проучувањето на пет ѕвезди кои брзо се движат по рабовите на Млечниот Пат обезбедува силни докази за постоењето на супермасивна црна дупка во Големиот Магеланов Облак.
Повеќето галаксии имаат црна дупка во нивниот центар, но ова е првпат да се докажува тоа за онаа до нашата.
Научниците истакнаа дека податоците за движењето на ѕвездите покажуваат дека тие биле исфрлени од Големиот Магеланов Облак по насилна блиска средба со црна дупка. Црните дупки се екстремно густи објекти со гравитација толку силна што дури ни светлината не може да избега од неа.
Големиот Магеланов облак е оддалечен околу 160 илјади светлосни години од Земјата, што ја прави една од најблиските галаксии до нашата. Ова исто така значи дека црната дупка во нејзиниот центар е најблиската супермасивна црна дупка до Млечниот Пат, освен онаа наречена Sagittarius A*, која се наоѓа во срцето на нашата галаксија.
Исто како што Млечниот Пат е помасивен од Големиот Магеланов Облак, Sagittarius A* е поголема од новооткриената црна дупка.
Во своето истражување, научниците користеа податоци од астрономската опсерваторија Гаја на Европската вселенска агенција (ESA), која досега со голема прецизност забележала повеќе од милијарда ѕвезди во нашата галаксија.