Бројот на жртви расте: Најмалку 24 лица загинаа во пожарите во Лос Анџелес

Се очекува бројот на жртви да расте, зашто службите за итни случаи не можат брзо и лесно да пристапат до сите области што се погодени од пожарите.

Најмалку 24 лица загинаа во шумските пожари во Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, информираат тамошните здравствеени власти, а пренесува Си-ен-ен. Шеснаесет од жртвите се поврзани со пожарот Итон во близина на Пасадена, а осум други со пожарот Палисадес, што гори во облсста Пацифик Палисадес.

Уништени се повеќе од 12 000 објекти само од пожарите Итон и Палисадес.

Според мериканските медиуми, во регионот на Лос Анџелес има неколку големи пожари, но тие два се најтешки.

Се очекува бројот на жртви да расте, зашто службите за итни случаи не можат брзо и лесно да пристапат до сите области што се погодени од пожарите.

Според гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, укинати се задолжителните наредби за евакуација за пожарите Херст, Кенет, Лидија и Сансет, но останува на сила за пожарите Палисадес и Итон.Пожарот Итон е локализиран 27 отсто, додека пожарот Палисадес е 13 отсто. Пожарот Херст е 89 отсто локализиран, а останатите се целосно локализирани.

Повеќе од 12 000 објекти се уништени или оштетени само од пожарите Итон и Палисадес, што ги прави вториот и четвртиот најразорен пожар во историјата на Калифорнија, оценува Одделот за шумарство и противпожарна заштита во Калифорнија.

Според американската метеоролошка служба, прогнозата за следните денови е дека се очекува критично време за пожари до средина на неделата. Силните ветрови и ниската влажност се најголемиот ризик за брзо ширење на пожарите.

Пожарникарите се подготвуваат за налети на ветар кои ќе се појават повторно во наредните денови, што го влошува она што властите велат дека може да биде една од најлошите природни катастрофи во историјата на САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни