Гумен чамец со 55 лица, меѓу кои и две бебиња, се превртел во близина на брегот на Либија, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за миграции.
Единствените преживеани се две жени од Нигерија, кои биле спасени од либиските власти во петокот, објави во понеделникот Меѓународната организација за миграции (IOM).
Според информациите, пловилото превезувало мигранти и бегалци од повеќе африкански земји. Чамецот потонал откако поминал околу шест часа на море, по поаѓањето од крајбрежниот град ал-Завија, на северозападот од Либија.
Од IOM наведуваат дека од почетокот на 2026 година досега се пријавени речиси 500 загинати или исчезнати мигранти кои се обиделе да го преминат Средоземното Море по рутата од Либија, пренесува BBC.
