Бројот на жртвите од катастрофалните поплави во Шпанија се искачи на најмалку 205 лица во петокот. Многу други се водат за исчезнати.
Шпанските служби за итни случаи соопштија дека 202 од жртвите биле само во регионот на Валенсија, а властите предупредија дека во наредните денови се очекуваат нови врнежи.
Многу улици сè уште се блокирани од натрупани возила и остатоци, во некои случаи заробувајќи ги жителите во нивните домови, а некои места сè уште немаат електрична енергија, вода за пиење или стабилни телефонски врски.
Градот Валенсија доби повеќе дожд во осум часа во вторникот отколку што имал во претходните 20 месеци, а водата прелеа поток што минува низ градот, уништувајќи патишта и ѕидови на куќи.