Бројот на загинати во земјотресот во Мијанмар се зголеми на 2.056, додека повеќе од 3.900 луѓе се повредени, соопшти владеачката хунта во земјата.
Најмалку 270 луѓе се уште се водат како исчезнати по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди земјата во петокот.
Според претходно објавениот биланс, имаше 1.644 загинати и 3.408 повредени.
Земјотресот беше почувствуван и во Тајланд.