Фокусот бил на практични решенија кои им помагаат на операторите да преминат од традиционалните мобилни мрежи на напредни дигитални услуги. На саемот беше истакнато дека до крајот на 2024 година ќе има повеќе од 2,1 милијарда 5G корисници ширум светот.
Клучни решенија претставени на MWC 2025:
- AI-to-X: Комплетни решенија кои им овозможуваат на операторите да ја прошируваат понудата на нови пазарни сегменти.
- AI-Centric Network: Решење кое им помага на операторите да ја подобрат инфраструктурата и да ја прилагодат на потребите на AI апликациите, обезбедувајќи стабилна конекција.
- AI-powered O&M: Примена на вештачка интелигенција за подобрување и одржување на мрежите, што доведува до поголема автономија и оптимизација на процесите.
Операторите, со поддршка од Huawei, веќе воведуваат комерцијални 5G-Advanced пакети во повеќе од 200 градови. Овие пакети овозможуваат оптимизирано искуство за апликации како што се live streaming, гејминг, патувања и метро превоз.
Huawei активно соработува со операторите во Кина, Европа, Блискиот Исток и Азија-Пацификот на развојот на нови деловни модели и услуги. Претставеното решение AI-Centric Network преку тристепена архитектура им помага на операторите да ја трансформираат постојната ICT инфраструктура и да отворат нови пазари.
Во сегментот на потрошувачки уреди, Huawei ја прикажа својата нова линија на high-end производи, вклучувајќи го и флексибилниот смартфон Huawei Mate X6, како и различни фитнес технологии, паметни часовници, таблети и класични телефони.
Huawei го постави темелот за идниот развој на дигитални услуги преку интеграцијата на 5G и AI технологиите, што им овозможува на операторите да го подобрат корисничкото искуство и да ги прошируваат своите бизниси во време на се поголема дигитализација.