Британските конзервативци најавуваат масовни депортации: 750.000 мигранти во пет години

Британските конзервативци (торијците) ветуваат дека, доколку победат на следните парламентарни избори, за пет години ќе депортираат 750.000 илегални мигранти од Обединетото Кралство.

Овие планови беа претставени на почетокот на годишната партиска конференција, пренесува BBC.

Според предложените мерки, лицата кои влезат во Обединетото Кралство без дозвола ќе им биде забрането некогаш да поднесуваат барање за азил, додека одбиените жалби наместо судовите ќе ги разгледува Министерството за внатрешни работи. Граничните службеници ќе добијат инструкции да ги отстрануваат лицата „во рок од неколку часа или најмногу неколку дена“, со реформирена единица „Служба за депортации“ чиј буџет ќе биде двојно зголемен на 1,6 милијарди фунти годишно.

Оваа иницијатива доаѓа во моментот кога торијските активисти, собрани во Манчестер, се обидуваат да ги подобрат изборните изгледи под водство на Кеми Баденок и да одговорат на предизвикот од Најџел Фараж и неговата партија Reform UK.

Конференцијата веќе најави планови за излез од Европската конвенција за човекови права (ECHR) со цел да се спречат жалби на одбиените барања за азил. Планот предвидува новата единица за депортации да отстранува најмалку 150.000 лица годишно, вклучувајќи ги и илегално присутните мигранти, идните илегални дојдовци, како и странски државјани осудени за посериозни кривични дела.

Доколку планот се реализира, бројот на депортации би бил околу пет пати поголем од минатата година, кога од земјата беа отстранети околу 35.000 мигранти, најчесто доброволно.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни