Британските автомобилски компании бараат поддршка од Владата поради царините на Трамп

Владата на Обединетото Кралство се обидува да преговара за изземања на широк спектар на американски увозни давачки кои ќе стапат на сила на 3. април по полноќ.

Британските автомобилски компании бараат поддршка од Владата бидејќи се намалуваат очекувањата дека ќе може да се постигне договор со американскиот претседател Доналд Трамп за царините што тој сака да ги наметне на европските земји, пренесува Би-Би-Си.

Претставниците на овие компании денес се сретнаа со британската министерка за индустрија Сара Џонс за да разговараат за одговорот на планот на Трамп за воведување царини од 25 отсто на автомобили произведени надвор од САД.


Владата на Обединетото Кралство се обидува да преговара за изземања на широк спектар на американски увозни давачки кои ќе стапат на сила на 3. април по полноќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни